На 10.01.2023 во 15.30 часот во Полициската станица Велес, 60-годишен жител на општина Чашка пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18.500 денари. Според пријавеното, лицето му се јавило и му побарало услуга, а требало да се договорат во Скопје, каде што лицето имало магацин.
Според пријавеното, лицето побарало од него, при доаѓањето во Скопје, на друго лице да му даде 18.500 денари, кои ќе му ги врател кога ќе се сретнат, но откако ги дал парите и пристигнал во Скопје, повеќе пати безуспешно се обидел да стапи во контакт со лицето, по што сфатил дека бил измамен. Се работи на расчистување на случајот.