Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против С.Б. (46) од Берово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

На 12.11.2022 на место викано ,,Амбарето”, во атар на Берово, пријавениот извршил сеча на дрва, на парцела сопственост на Република Македонија, со што предизвикал материјална штета во вредност од 831.000 денари.