Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола вчера во 12:30 часот во Битола, го лишиле од слобода М.Т.(24) од Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, гранки од растението канабис и предмети со остатоци од марихуана, се вели во соопштението од МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.