Идентитетот на струмичанецот кој изгоре синоќа во куќа за време на големиот пожар ќе се утврдува со обдукција заради високиот степен на изгореници и засега тој се води како непознат.
Со оваa информација излегоа денеска од ОЈО Струмица по извршениот увид, а јагленосаното тело било пронајдено во една од просториите која заедно со покривот е целосно изгорена во пожарот.
Засега не се познати и причините за пожарот. Дефект на електричната инсталација се исклучува како можност за пожарот, бидејќи струјата била исклучена подолго време.
Инаку, пожарот во куќата на А.Е. (63) на улицата „Пиринска” во Струмица избувнал синоќа по 20 часот, а во гаснењето учествувале три противпожарни возила и девет пожарникари на ТППЕ Струмица