Полициски службеници вчера го лишиле од слобода С.А.(42) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, С.А. бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.