Во периодот од 10 до 14 часот во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија, за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 174 пешаци, од кои 143 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, информираат од МВР.
На територијата на СВР Тетово имало 40, на СВР Штип 34, а на СВР Битола, 28 санкции.
- Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин, затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано, се истакнува во соопштението.
Од МВР потенцираат дека сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесат за побезбедни сообраќајници.