МВР информира дека во текот на вчерашниот ден во спроведена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, биле санкционирани 240 возачи.

-Од нив девет возила се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 152 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 88 надвор од населено место, соопштуваат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од министерството.