Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода И.Б.(33) од Скопје. Како што соопшти МВР, кај И.Б. на подрачје на општина Карпош биле пронајдени и одземени 36 ќесички со марихуана, 10 ќесички со кафеава прашкаста материја, 18 ќесички со бела прашкаста материја и четири шприцеви со црна течност. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.