Полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје денеска во 15:55 часот го лишиле од слобода 24-годишниот С.Ш. од Скопје.

Тој, како што соопшти МВР, бил баран по централна потерница по наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, велат од МВР.