Во Град Скопје во текот на вчерашниот ден во контролите во областа на сообраќајот изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Како што соопшти МВР, изречени се четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)...
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.