На 03.02.2023 во 15.45 часот во СВР Скопје, 53-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 денари.
Според пријавеното, лицето му се јавило и побарало од него да изврши работи во неговата куќа во скопско село.
Откако се договориле, лицето повторно му се јавило и побарал на негов соработник да му даде 14.000 денари.
Пријавителот се сретнал со лицето соработник му ги дал парите, а откако пристигнал во селото го побарал телефонски, но тој не бил достапен по што сфатил дека е измамен.