Денеска во 11.55 часот на ул.„Бутелски венец“ на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода О.Р.(39) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и пет месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено - поправна установа за издржување на казната.