Вкупно 130 мерки се изречени во контроли во областа на сообраќајот на СВР Скопје спроведени во текот на вчерашниот ден во главниот град.
Како што соопшти МВР, за возење без возачка дозвола има 11 санкции, 16 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, четири санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.