Казнети се 202 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Од нив, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Од МВР денеска информираа дека од нив,134 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 68 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.