Во заедничка координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, службеници од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Царинската управа и Управата за јавни приходи извршена е контрола на отпади на подрачјето на Скопје.

Како што соопшти МВР, при вчерашната контрола во отпад за половни возила на ул.„Качанички пат“ во Скопје, сопственост на М.В. и Ј.П. од Скопје, утврдени се повеќе неправилности во работењето. Тоа се извршување дејност без дозвола за работа и без регистрација во соодветен регистар, пронајдени се нецаринети возила кои потекнуваат од странство, како и едно возило под сомнение за фалсификување, за кои се поднесени соодветни поднесоци од надлежните институции.

Во отпад, сопственост на Ф.О.(46) од Скопје, по извршена проверка во документација констатирани се повеќе неправилности во работењето. Тоа се извршување нерегистрирана дејност, недоследности во управување со отпад, а за затекнатите возила ќе бидат извршени дополнителни проверки.

- Од надлежните институции сочинети се записници и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.