Пет лица привела полицијата во акција спроведена ноќеска од полноќ до 4 часот во угостителски објекти на територијата на целата држава.
-При контролата, приведени се пет лица од кои три по член 215 од Кривичниот законик каде при преглед кај нив била пронајдена дрога, едно лице поради сторено прекршување на член 80 од Законот за оружје и едно лице поради точење алкохол на малолетници по член 204 од Кривичниот законик. Притоа, констатирани се 70 прекршувања од Законот за угостителска дејност, од кои три за присуство на малолетници по 00.00 часот, две поради прегласна музика..., соопшти Министерството за внатрешни работи.
Акцијата е спроведена од секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција. МВР укажува дека и во наредните денови ќе продолжат акциските контроли во угостителски објекти.