Вкупно 61 учесник во сообраќајот е санкциониран во периодот од 6 до 12 февруари годинава во акцијата на Министерството за внатрешни работи спроведена на територија на цела држава.
Акцијата, како што соопшти МВР, е за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението од МВР.