СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(29) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Во периодот од септември до ноември 2022 година, пријавениот ги злоупотребил личните податоци на А.К.(25), кој бил на привремена работа во Швајцарија, така што ја дал адресата на А.К., на која му пристигнале покани за прекршоци кои ги сторил А.А..