СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Д.(32) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривичното дело ,,фалсификување исправа”.

На 29.08.2022 пријавениот во финансиско друштво од Скопје, подружница Куманово, приложил фалсификувана патна исправа, со цел да аплицира за добивање кредит.