На 09.02.2023 во 18.40 часот Л.В.(20) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Карпош во спортска обложувалница каде бил вработен по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Ј.Д.. Се работи на расчистување на случајот.

На 10.02.2023 во 15.00 часот во Полициска станица Кисела Вода е пријавено дека пред казино на подрачјето на Кисела Вода, по претходна пријава за агресивно однесување и непочитување на правилата во казиното, Ј.М.(33) од Скопје бил физички нападнат од Н.М.(25) од Скопје, кој бил обезбедување во казиното. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.02.2023 во 02.35 часот во Полициска станица Радовиш, О.Л.(29) од Скопје пријавила дека околу 01.15 часот, во близина на казино во Радовиш, била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.02.2023 во 02.31 часот во Полициска станица Кисела Вода, Т.Т.(32) од Скопје пријавил дека додека бил на своето работно место во казино на подрачјето на Кисела Вода, бил физички нападнат од Б.Н.(20) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.02.2023 во 21.40 часот во Полициската станица Гази Баба, И.А.(39) од с.Страчинци, скопско, пријавил дека околу 21.30 часот пред спортска обложувалница на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.02.2023 во 01.20 часот во СВР Скопје, М.К.(31) од Скопје пријавил дека пред казино на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.