Штипската полиција вчера околу 15:10 часот на ул.„Вера Циривири Трена“ во Штип, ги лишила од слобода Е.Ј.(19) и Н.И.(24), кои биле затекнати веднаш по извршување тешка кражба во куќа, а кај нив биле пронајдени одземените предмети.
Како што информираат од МВР, лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.