Дваесет и седум сообраќајни несреќи се случиле на подрачјето на Куманово во јануари, соопшти денеска полицијата. Едно лице загинало, две се здобиле со тешки телесни повреди, девет со телесни и 15 со материјална штета. Кумановската полиција укажува дека бројката на случени сообраќајни незгоди е помала во однос на истиот период, лани.
- Како резултат на континуираните мерки и активности во сообраќајот и редовните акциски контроли СВР Куманово бележи намалување на бројот на сообраќајните незгоди. Во 2022 година за истиот период биле регистрирани 41 сообраќајна незгода од кои две со загинати лица, со што се бележи намалување на бројот на сообраќајни незгоди за 34 проценти, соопшти СВР Куманово.
СВР Куманово и во наредниот период ќе продолжи да спроведува зајакнати акциски контроли за санкционирање на возила и возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот на сите учесници.