Вчера во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани две кривични дела за возење без соодветна лиценца. Констатирани се 44 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед било упатено 21 возило.

Како што информираат денеска од МВР, сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за зголемување на безбедноста.