Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 169 возачи.

Од нив, како што информираат денеска од МВР, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 105 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 64 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.