МВР информира дека во текот на вчерашниот ден во спроведена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, биле санкционирани 174 возачи.

-Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 106 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 68 надвор од населено место, известуваат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од министерството.