Полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога и оружје во Одделот за криминалистичка полиција при МВР и од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го привле Ј.С.(41).

При претрес во неговиот дом ,извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе пакувања со гранки и лисја од растението канабис, семки од канабис и едно пакување со густа црна материја.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.