Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на Република Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин.

При контролата санкционирани се 67 возачи, а изречени се и 118 санкции за други прекршоци.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли и апелираме да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.