Земјотрес со јачина од 6,4 степени е регистриран кај индонезиските острови Танимбар во провинцијата Малуку, соопшти државната агенција за геофизика, додавајќи дека нема опасност од цунами.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 97 километри и на околу 543 километри југоисточно од градот Амбон.
Во моментов нема извештаи за жртви или материјална штета.
Индонезија се наоѓа во високо активна сеизмичка зона позната како „Пацифички огнен прстен“.