СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.С.(25) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Во периодот од 12.01.2022 до 19.01.2022, пријавениот набавил податоци од платежни картички на две лица и во 13 наврати извршил надополнување на ваучери на повеќе телефонски броеви во вкупен износ од 8.000 денари.