Очекував од големите шарени борци во Собранието кога стигна пакетот закони кои се однесуваат на коридорите 8 и 10д да реагираат, да реагирате на пакет закони со кои Владата се обидува да го озакони криминалот со Договорот за коридорите кој го немаме видено ние како пратеници, рече пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска дебата поврзана со пакетот закани со врска со реализација на коридорите.
„Требаше да реагираат вие сите како пратеници и од владејачкото мнозинство до владата затоа што испратија пакет закони кои удираат најмногу по народот, чесниот работник и дополнително по стопанството. Она што се случува во изминатите 7 години е само многу скап пиар за да го затскрие неработењето на Владата. Ве нема како пратеници да кажете било што бидејќи вие овде сте претставници на народот, а не да ја штитите Владата и криминалниот договор за коридорите. Вие немате јасна слика што е стратешки интерес, тоа е заштита на народот и сувереноста на Македонија, а не заштита на бизнис интересите на Груби и Ковачевски“, посочи Петрушевска.
Склучениот договор чиј главен координатор е доминантниот партнер во Владата, ДУИ е против законски и против уставен.
„И сега на невидено пратениците треба да го гласаат, да го погазат народот и Уставот. Не се почитува ниту укажувањето од Европската унија и слепо молчат и ќе го гласаат договорот и пакетот закони произлезен од истиот за кој сите алармираат дека е со коруптивни елементи“, рече Петрушевска.
Петрушевка укажувајќи дека сето ова ќе заврши скоро за неколку месеци и ќе треба власта да се соочи со народот, додаде дека партиите од власта ќе бидат казнети и ќе одговараат.