Ако се гледаат бројките од анкетата, може да се заклучи дека над 50% од граѓаните кои се над 60 години се против Уставните измени затоа што некој кој сега има 62-63 години памти дека во 90-тите кога имале 32-33 години на Македонија и се кажа станете ПЈРМ и проблемите ќе се решат, потоа беше кажано сменете го знамето и проблемите ќе се решат, . Животот им помина на луѓето во ветувања и лажни надежи „само уште ова, само уште ова“, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при гостувањето во Телевизија Сител.

Николоски додаде и дека граѓаните се сведоци дека промената на името не беше последна работа и дека никој не гарантира дека промената на Уставот нема да биде последната работа.

- Скепската кај граѓаните е оправдана. Затоа наш фокус треба да биде да работиме внатрешно, да ја креваме Македонија да стане достоинствено и поубаво место за живеење со функционален систем пред се во владеењето на правото за да можеме рамноправно да седиме на иста маса, додаде Николоски.