„Ние во 2020-та година, на тие избори не ветивме уставни измени на граѓаните. Ниту пак ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, ниту ДУИ, ниту Алијанса, ниту никој. А, сега кога ќе има избори нека излезат и нека ветат уставни измени, па да видиме дали ќе ги гласаат граѓаните“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување во „Детектор“ на Сител телевизија.
Николоски додаде да не се дозволи да се случи како што се случи со Охридскиот Рамковен договор, кога политички партии во 1998 година не ветија таков договор,а го потпишаа во 2001 година.
Тој рече дека доколку ЕУ смета дека Македонија заслужува да оди напред тогаш може да се најдат други форми како да се започнат преговорите со ЕУ. Во спротивно барањата на Бугарија само ќе растат.
„Во една средба со премиерот Пленковиќ ми рече вие сте нација која што најмногу има истрпено и најмногу има дадено во овие 30 години“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.