Социјалистичката партија на Македонија оценува дека барањата од ДУИ за уставни измени во насока на градење бинационална држава се целосно неприфатливи и се спротивни на секоја логика. Ваквите срамни барања мора да се отфрлат од сите политички партии, но и граѓаните кои ја сочинуваат македонската држава.

Тоа што СДС ги одмолчува барањата од ДУИ е серизона закана за македонскиот народ.

Уставните промени на кои инсистираат СДС и ДУИ е целосно предавство и почеток на бришење на македонскиот народ и на неговата држава Македонија.

Корумпираните претставници на СДС повеќе пати потврдиле дека ништо што е македонско не им е свето и дека се подготвени се да продадат за тие да останат на власт и бесконечно да крадат. Ја злоупотребуваат и Европската унија, иако лажно се борат за членство во Унијата со коруптивни методи и криминални договори.

Владеењето на СДС е период на назадување, нестабилност, предавства и конфронтации на власта со народот кој не ја поддржуваа предавничката политика на одродените политичари.

Социјалистичката партија на Македонија ги повикува граѓаните и политичките партии да се обединат и единствени да се спртивстават на било какави промени на Уставот за да се спречи бугаризацијата и најавите за рушење на македонскиот идентитет и држава.

Подреденоста кон странските и бугарските барања како и кон домашните квислинзи мора да заврши со нови избори и доаѓање на власт на државнички определени водачи кои ќе ја водат државата кон напредок и просперитет.