„Тоа покажува колку системот е во распад“. Вака во студиото на ТВ21 потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ го коментираше ставањето на Рамиз Мерко на црната листа на САД.

„Ова покажува дека САД има повеќе влијание и предизвкува поголема реакција кај јавноста од било која организација или судските институции. Во Македонија никој за ништо не одговара, и затоа ова е голема вест во Македонија. Но, корупцијата ниту почнува ниту завршува со Мерко. Туку е на повисоко ниво, кај првенците на власта и на ДУИ“, изјави Николоски.