Двојно повисока е и довербата на гласачите во политиките на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски наспрроти довербата во политиките на актуелниот премиер и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, покажува најновото истражување за рејтинзите на политичките партии.
Во анкетата на МКД.мк спроведена од 5 до 16 јуни 2023 година со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници, од оние кои се изјасниле во Христијан Мицкоски веруваат 12%, а во Димитар Ковачевски 6,1%. Во Али Ахмети свој лидер гледаат 5,9% од гласачите, во Димитар Апасиев 3,7%, а во Никола Груевски 2,9%.
Приближно две третини или 60,9% од испитаниците немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија на македонската политичка сцена
И довербата на гласачите во ВМРО-ДПМНЕ е двојно повисока од онаа на СДСМ.