Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против П.С. (31) од Струга, кој моментално се наоѓа на издржување казна затвор во КПД Идризово и М.Ф. (60) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела, и тоа „измама“ во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“.
Во период од 2021 до јануари 2022 и на 04.02.2022 година, П.С. преку лажен профил на социјална мрежа успеал да обезбеди лични податоци на В.В. од Свети Николе, кои неовластено ги искористил и склучил договори со две финансиски друштва, по што добил средства со кои потоа купил три мобилни телефони.
Притоа, М.Ф. откако остварил комуникација со П.С., му помогнал да ги изврши кривичните дела така што го подигнал еден мобилен телефон и го прикрил идентитетот на лицето на кое му го предал телефонот.