На 01.07.2023 во 22,30 часот во СВР Куманово, О.А.(46) од Крива Паланка пријавил дека на железничка станица Куманово бил физички нападнат со тврди предмети од Д.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.07.2023 во 20.30 часот во Полициска станица Центар Л.Т.(21) од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот во угостителски објект на подрачје на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.К.(34) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.07.2023 во 18.05 часот во Полициска станица Кисела Вода е пријавено дека по претходно недоразбирање околу паркинг место бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.З.(31) и М.Ш.(56), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.07.2023 во 18.00 часот во Полициско одделение Петровец М.З.(20) од Скопје пријавил дека околу 17.15 часот во населба Илинден, Скопје поради нерасчистени должничко доверителни односи тој и М.З.(47) од Скопје биле физички нападнати од С.Т. и И.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.07.2023 во 04.20 часот во Полициска станица Битола Ј.Т.(58) од Битола пријавил дека околу 01.30 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Битола бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.07.2023 во 18.00 часот во Полициска станица Кочани е пријавено дека во Кочани, по претходна расправија околу сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Н.(86) и М.А.(25), двајцата од Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.07.2023 во 19.40 часот во Полициска станица Струмица 63-годишна жена од Струмица пријавила дека околу 13.00 часот во семејниот дом во Струмица била физички нападната од нејзиниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.07.2023 во 18.30 часот во Полициска станица Струмица Д.Р.(42) од с.Градско Балдовци, струмичко, пријавил дека во Струмица, додека извршувал работни задачи како вработен во комунално претпријатие од Струмица, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.07.2023 во 23.35 часот во Полициска станица Струмица С.А.(19) од Струмица пријавил дека околу 22.00 часот во Струмица бил физички нападнат од О.Д. и З.Д. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.07.2023 во 00.40 часот во Полициска станица Гевгелија П.Ч.(47) од Гевгелија пријавил дека околу 00,20 часот пред градската библиотека во Гевгелија бил физички нападнат од Т.К. од Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.07.2023 околу 02.30 часот во Полициска станица Неготино е пријавено дека во близина на угостителски објект во Неготино бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Т.(20) од една страна и Д.Ј.(18), О.Т.(19) и Т.Ѓ.(19) од друга страна, сите од Неготино. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.07.2023 во 18.00 часот во Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар приведени се В.Ѓ.(47), И.Ѓ.(45) и Д.И.(63) сите од Гостивар затоа што според пријавеното околу 17.25 часот во Гостивар поради недоразбирање во сообраќајот го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.07.2023 во 13,40 часот во с. Долна Бањица од полициски службеници од Полициска станица Гостивар е лишен од слобода Б.С.(41) од с. Долна Бањица, затоа што според пријавеното околу 12,00 часот во семејната куќа во с. Долна Бањица по претходна расправија физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.07.2023 во 20.30 часот во с.Батинци,скопско од полициски службеници е лишен од слобода С.С.(32) од с.Батинци затоа што агресивно се однесувал и се обидел физички да нападне полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.