Антикорупциската битка која ќе биде во фокус на Владата која ќе биде формирана од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде насочена кон финансиските истраги, со цел парите на граѓаните кои се украдени да бидат вратени во буџетот, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во Алфа Телевизија.
- За мене е клучно, тоа што знаеме како да ја водиме борбата против корупцијата. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде насочена кон финансиски истраги, за да украдените пари од власта во изминативе седум години, бидат вратени во буџетот. Знаеме како, имаме добар тим а тоа граѓаните го препознаваат и затоа ќе ни дадат огромна поддршка на следните избори, вели Николоски.