– Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 189 возачи.
Од нив, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, како што соопшти МВР, 74 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 116 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.