СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.Д.(45) од Свети Николе, поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „неовластено ловење, чување и отуѓување на диви животни и птици“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјал“.
На 01.04.2023, по извршен претрес во куќа и помошни простории на пријавениот, пронајдени и одземени се месо од дивеч – срна, од извршен улов во месец јануари во с.Крушица, додека во неговото возило „шаран“ пронајдени се и одземени пиротехнички средства.