Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Р.(25) од с.Добарце, тетовско, постапувајќи по пријава од женско лице од тетовско, со кое порано бил во љубовна врска, според која ја вознемирувал и ѝ се заканувал.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.