Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 15:40 часот го привеле 66-годишниот тетовец (Р.М.).

Како што соопштуваат од МВР, тој се сомничи дека претходно извршил кражба, при што одзел личен предмет од една жена.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, наведуваат од полицијата.