СВР - Битола на подрачје на Битола денеска од 11 до 15 часот спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 16 возачи.
Од секторот за односи со јавност информираат дека 12 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 3 возеле без возачка дозвола, 1 моторцикл бил нерегистриран, како и останати прекршоци.
- Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, нагласија од СВР-Битола.