Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Б.(26) и И.З.(46), двајцата од Скопје, затоа што околу 02.20 часот на ул.„Костурски херои“ физички нападнале вработен во Бригадата за противпожарна заштита Скопје кој вршел службени дејствија - гасење пожар на локацијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.