Вчера во 17.00 часот на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар ја лишиле од слобода А.З.(20) од Куманово.
Како што соопшти МВР, таа се сомничи дека околу 11.30 часот на ул.„Бит Пазарска“ од Ф.Ј.(44) од Турција одзела детска количка со ранец, патни исправи , пари и други предмети. Со А.З. бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признала делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.
МВР додава дека по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.