Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вели дека партијата останува на јавно соопштениот став дека Уставни измени под бугарски диктат нема да прифатат.

- Денес на гости ни дојдоа три Министри за Европа на Франција, Германија и Полска. Го споделија нивното гледиште. Им се заблагодаривме и им кажавме - ДА за членството на Македонија во ЕУ, ама НЕ за уставни измени под Бугарски диктат. Јасно, директно и достоинствено!, вели Николоски по средбата со „Вајмарската тројка"