СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А.(53) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.

На 05.06.2023, пријавениот агресивно се однесувал кон двајца инспектори од УЈП, кои вршеле контрола во неговиот продажен објект, по што им ги одзел и скинал службените материјали.