Е.Џ.А.(89) од САД пријавила дека била измамена од две лица. Според пријавеното, околу 12.00 часот на Меѓуградската автобуска станица таа влегла во такси возило, во кое имало уште едно лице кое зборувало англиски јазик, а кога пристигнале на подрачјето на Карпош, ѝ кажале дека треба да плати 13 евра.
Како што е пријавено, таа со помош на таксистот од банкомат подигнала 10.000 денари, а другото лице ѝ ги побарало сите пари, со објаснување дека тоа е сумата при конверзија од една валута во друга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.