Во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје настанал пожар во комбе со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Т.(62) од Скопје. Според пријавеното, пожарот настанал откако пукнала запалка оставена на совозачкото седиште, при што со повреди се здобил возачот З.Т..

Од пожарот бил зафатен и дел од помошен објект на улицата, сопственост на Т.Т.(49), како и патничко возило „тојота аурис“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Т од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид бил извршен.