- Во кругот на црквата „Св.Архангел Гаврил“ на подрачјето на Гази Баба, денеска полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода З.К.(35) од Скопје. Т
Тој бил фатен веднаш по извршување кривично дело тешка кражба во црквата, при што одзел повеќе предмети. Како што информираа од МВР, кај него биле пронајдени одземените предмети и ќе бидат вратени.
- З.К. бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информира МВР.